ПИШУВА И ПРЕКУ ФОТОГРАФИИ РАСКАЖУВА ХРИСТИНА ДЕСПОТОВСКА (WWW.THEDREAMTRAVELER.BLOG)
Имајќи ја предвид добро познатата изрека дека „една фотографија раскажува повеќе од илјада зборови”, низ прекрасни фотографии ви го претставуваме бисерот на Медитеранот, Карлофорте, малото градче на островот Сан Пјетро, кој се наоѓа на околу 7 км оддалеченост од југозападниот брег на островот Сардинија, во Италија.
Шармантен, живописен град со уредни, тивки патеки… Шетајќи по “carrugi” низ впечатливи лакови и скали, минувајќи низ најколоритната архитектура, уште на првиот здив ќе се вљубите во овој бисер на Медитеранот…
Островот Сан Пјетро се протега на површина од 51 км², и е втор по големина остров на архипелагот. Неговото крајбрежје е создадено од високи и карпести делови под кои се протега кристално чистото море.
Градот Карлофорте е единственото населено место на островот. Создаден е уште за време на владеењето на Карло Емануеле III, од колонија од лигурски рибари од Табарка, остров близу брегот на Тунис. Лигурското потекло на неговите жители може да се препознае во дијалектот, традицијата, обичаите, во урбанистичкото планирање на градот, а и да се потврди при посетата на неговиот историски центар.
До островот Сан Пјетро може да се стигне со траект, околу 30-40 минути, од Каласета или Портоскуса на Сардинија.
Уживајте…
Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48
You must be logged in to post a comment Login