Connect with us

Фини Дестинации

Скриениот бисер на Далмација

Шибеник – или како што некои од туристите го наркуваат: „скриениот бисер на Далмација” e спој на прекрасни плажи, неповторлива сина боја на Јадранското Море, насади од винова лоза во недоглед, автентични далматински рибарски селца како и остатоци од средновековните градби опкружени со ѕидини.

Историјата раскажува дека Шибеник е првиот град во Хрватска кој го има изградено токму хрватското население. Стариот град Шибеник, се вбројува во еден од најголемите и најдобро сочуваните средновековни градови а тоа го прави и едно од поатрактивните места во овој дел на Хрватска.

Градот кој успешно ги спојува славното минато и природните убавини, е горд и на близината на Националните паркови Крка и Корнати, туристичката населба Соларис, како и непосредната близина на 200 помали или поголеми острови, а има дури четири тврдини од кои најпосетени се тврдината на Св. Миховил и најубавата морска тврдина на целиот Медитеран, тврдината Св. Никола.

Шетањето низ прекрасните тесни улички на Шибеник е вистинско уживање. Секоја уличка крие своја приказна, секој камен раскажува за некое време минато, за силна љубов, за тажна разделба, за испловувањето на морнарите…

Локалните жители ги нарекуваат: „шибенске кале”, а тие толку многу пленат со својот колорит и со својата едноставност што можете да го изгубите чувството за време додека се шетате по нив додека секоја една мала уличка ви го свртува вниманието кон следната која спонтано се вкрстува за да ве однесе до некоја уште поинтресна од претходната.

Во екот на туристичката сезона, Шибеник живее во полна пареа, а овие улички освен што се полни со душа, се полни и со туристи. Домаќините се погрижиле да најдете соодветно место за да го испиете утринското кафе, за да појадувате или едноставно да се воодушевувате на архитектурата која на секој чекор го доловува начинот на живот и секојдневието на локалното население.

Вљубениците во овој град својата восхитеност ја преточуваат дури и во поезија:

„A kada noć preuzme dan, sići ću grade niz tvoje skale, sisti na rivu, odmorit dušu, i gledat lanterne kako se pale”.






Continue Reading
You may also like...
Click to comment

Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

More in Фини Дестинации

Advertisement
Advertisement Fino.mk
To Top