Фина линија на животот
ФИНО е дневна доза фини нешта за оние кои го сакаат животот и умеат да го земат најдоброто од него, за оние кои ги сакаат патувањата и се радуваат на успешните приказни на другите луѓе. Токму затоа многу внимателно ги одбираме темите и содржините.
Нашиот тим од искусни професионалци секогаш се труди за вас да одбере интересни и квалитетни приказни, полни со позитивна енергија. Споделуваме важни информации, совети и искуства од нашите патувања и од патувањата на нашите пријатели и соработници. Споделуваме фини места; интересни животни приказни; фини приказни за бизнис идеи кои вредат да бидат раскажани и прочитани; по некоја корисна информација и многу, многу добри фотографии.
Уникатниот концепт на ФИНО е тоа што е отворен за соработка со сите вас, нашите верни читатели. А начинот е многу едноставен:
Споделете со нас убави фотографии кои вие сте ги направиле на некое од вашите патувања, споделете и некое интересно искуство, на пример: каде сте го испиле најубавото кафе; каде има највкусен сладолед или колку чини картата за брод од една до друга дестинација каде што вие сте биле; кое вино ви останало во сеќавање; каде е наједноставно да се паркирате доколку сте со автомобил во некој град; на што треба да се внимава или какви се цените.
Вашите прилози ги очекуваме на нашата меил адреса info@fino.mk а најинтересните ќе ги објавиме и ќе ги наградиме.
Основач и главен и одговорен уредник:
Сузана Трпковска
E-mail: suzana.trpkovska@mag.mk
Издавач:
МЕДИАДВЕРТИС ГРУП дооел, Скопје