Connect with us

Фини Дестинации

Заборавете на брегот на Амалфи, СИЦИЛИЈА е топ дестинација за ова лето

Пишува: Fino.mk

Кога ќе споменете дека одите на Сицилија, најчестата асоцијација за луѓето е мафијата или светски познатиот филм Кум. Многуина од нив не знаат дека најголемиот медитерански остров од јужниот брег на Италија има богата историја како и дека зачетоците на глобалната трговија на Сицилија датираат уште од античките Грци. Културата на Сицилија, вклучувајќи ја и храната, модата, а секако и уметноста, била под влијание на уникатната фузија на силите – античките Грци, Римјаните, Византијците. Без разлика дали зборуваме за добро вино и вкусна храна; античките урнатини или величествените плажи кои ги посакувате; Сицилија го поседува сето тоа но на еден суптилен и не многу пренагласен начин како што е сучајот со „извиканите” летни дестинации во Италија како што се Портофино, Поситано или Капри. Ова би можела да биде единствената причина зошто ова лето Сицилија е зборното место на модните дизајнери, уредниците на модните списанија и готвачите од целиот свет.

Италијаните со само една реченица се обидуваат да ја доловат убавината на овој остров: „Кога ќе ја видите Сицилија, сте го откриле целиот свет”.

Непрегледен брег, тесни мали улички, планини и вулкани, лозја и полиња, плантажи од маслинки, лимони и портокали, богатство од културни споменици, интересно минато, љубезни домаќини и несекојдневна понуда на храна и на вино – се само некои од заштитните знаци на овој остров.

Ова е местото каде што митовите и легендите идеалн се претопуваат со реалноста.

Доколку не планирате да се заседнете во едно место и да останете во сместувањето за време на вашата посета на Сицилија, изнајмете автомобил или пријавете се за турнеја кај Nicheitaly (www.nicheitaly.com)  за да го организира сето тоа за вас.

Веруваме дека секој од нас има свои причини за избор на дестинацијата на која патува, но еве ние ќе ви наброиме неколку дополнителни како би се одлучиле да ја посетите Сицилија.

Таорминa е еден од најубавите градови на Сицилија, сместен во подножјето на познатиот вулкан Етна, и е едно од најпопуларните места за одмор во Италија уште од времето на римското царство. Град кој ќе ве освои со својот шарм како и со тесните живописни улички и прекрасните цветни градини.

Етнa е највисокиот активен вулкан во Европа, чија височина достига и до 3.340 м. Кон врвот може да се стигне по кривулест пат, но, веќе на 100 метри надмосрака височина престанува вегетацијата, а на тлото се гледаат само остатоци од лава од пепел.

Палермо е центарот на Сицилија, како и место во кое легендарната италијанска мафија (Cosa Nostra) ја започнала својата слава. Совршен спој на ориентален и јужен темперамент.

Кефалу е омилено место за одмор кај италијаните, сместено е во подножјето на карпестиот ‘рт познат како “The Rock”, карактеристичен по долгата песочна плажа, но и по кривулестите шармантни улички преполни со интересни ресторани, слаткарници со вкусен сладолед и кафитерии со одлично кафе.

Агригенто e сместен во средината на античките рушевини и барокната архитектура, а целата област околу него е богата со песочни плажи, преубави острови и кристално чисто море.

Сиракуза, иако е град во Италија, неговиот дух е исклучително грчки. Еден од најзначајните грчки градови во античко време е родното место на еден од најглемите инжинери на стариот свет, големиот математичарот и физичар Архимед.

Никако не заборавајте да вкусите Arancini, Caponata, Pasta, Friteda… долга е листата на вкусни специјалитети на Сицилија, но ние ви предлагаме неколку интересни места.

Piazzetta Mulino a Venta in Palermo – класичен италијански ресторан со деликатесна паста и морска храна.

Ristorante Don Camillo in Siracusa – интересна и уникатна винска карта во комбинација со многу свежи намирници.

Caffe Sicilia – сместена на десната страна во градот Ното, со традиција подолга од 100 години е место кое мора да се посети. Вкусете го леденото кафе со бадемово млеко, една од омилените места за слатки и за италијанскиот “gelato”.

Nangalarruni – љубителите на печурки задолжително треба да го посетат питорескното градче Кастелбуоно каде што во овој шармантен мал ресторан специјалитет на куќата се шумските печурки во комбинација со одличен избор на вино.

Click to comment

Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

More in Фини Дестинации

Advertisement
Advertisement Fino.mk
To Top