Сигурни сме дека вкусот нема да ве остави рамнодушни, затоа што ова е една од поубавите торти, а рецептот еден од најстарите традиционални рецепти.
Лимончело торта со бадем и рикота, без глутен. Лесна, густа, вкусна и едноставна.
Оригинален италијански рецепт, од кујната на италијанките од Сицилија. Кога ќе го пробате едноставно го чувствувате мирисот на пространите плантажи до лимонови дрвја.
Овој десерт не е премногу сладок – одлично се спарува со утринското кафе, а доколку му додадете сладолед од ванила, се претвора во највозбудливиот десерт на светот.
Што ви е потребно:
- 120 гр несолен путер (омекнат);
- 1 1/3 чаши шеќер;
- Кора од 1 органски лимон;
- 1 чаша полномасна рикота;
- 1 лажичка ванила;
- 3 јајца (на собна температура);
- 3 лажици лимончело;
- 2 1/2 чаши бадемово брашно;
- 1 лажичка прашок за пециво (без глутен);
- 1/3 чаша сецкани бадеми;
- Шеќер во прав (за посипување).
Начин на приготвување:
- Загрејте ја рерната на 325 степени целзиусови. Намачкајте со путер тава со дијаметар од 20 см. Обложете го дното на тавата со хартија за печење.
- Со електричен миксер изматете ги путерот и шеќерот додека не се соединат. Измешајте ги рикотата, ванилата и кората од лимон.
- Додадете ги жолчките, една по една, продолжувајќи да матите додека смесата не стане многу лесна и кремаста. Додадете го лимончелото, бадемовото брашно и прашокот за пециво и изматете за да се соединат.
- Во посебен чист разладен сад, изматете ги белките со електричен миксер додека не се формираат цврсти врвови. Постепено додадете ги белките во смесата за колачот.
- Истурете ја смесата во подготвената обложена тава. Измазнете го врвот со шпатула или лажица. Посипете со исечените бадеми. Печете 40-45 минути или додека не се стегне, но сепак да биде еластично на допир.
- Оставете да се излади целосно.
- Посипете со шеќер во прав и послужете ја вашата лимончело торта со бадем и рикота.
Ова мириса совршено, затоа внимавајте колку парчиња ќе изедете, се наближуваат летните одмори.
Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48
You must be logged in to post a comment Login