Фини Дестинации
8 причини зошто ја сакате ПОРТУГАЛИЈА
By
Португалија последните неколку години постојано е изгласана за една од ТОП дестинациите за посета во Европа. Што поточно ја прави земјата толку посебна? Туристите, но и локалците ќе кажат врвната локација во јужна Европа, заедно со нејзината богата историја и одлична храна и вина – ја прават популарна дестинација за посета во текот на целата година. Еве зошто Португалија заслужува место на Вашата листа за земји кои сакате да ги посетите:
1.Времето
Лоцирана на југозападниот крај на Европа, Португалија е една од најтоплите земји на европскиот континент. Главниот град, Лисабон е исто така еден од најсончевите градови во Европа, со повеќе од 3.000 часа сончева светлина во текот на една година. Можете да фатите некои сончеви зраци на “Terrace BA”, ресторан во Лисабон со популарен rooftop бар, од каде можете да уживате во прекрасните пејсажи од реката Тагус.
2. Плажите
Уште еден начин како да се искористи ваквото топло време и сончевите зраци! Португалија изобилува со повеќе од 1.600 км крајбрежје и е дом на некои од најубавите плажи во светот, вклучувајќи ја и Ponta da Piedade. “Ова место навистина е толку убаво колку што и наведуваат коментарите од посетителите.”, “Морате да го видите за да поверувате.” – се некои од коментарите од туристите кога за првпат ќе ја посетат оваа плажа.
3. Храната
Со оглед на фактот дека целата земја е опколена со вода, морската храна е главна состојка на менијата во рестораните во Португалија. Можете да најдете изобилство на свежа риба, октопод на скара и школки на пареа, како и вкусни јадења со сардини и јастог. Потребна Ви е пауза од риба? Португалија исто така изобилува со вкусни сирења, маслиново масло и колбаси. А исто така тука е и десертот. Португалија е меѓу првите земји во Европа кои почнале да го користат шеќерот, давајќи и на земјата одлична предност во подготвувањето на прекрасни колачиња и торти (задолжително морате да пробате pastel de nata од “Pasteis de Belem”). Во Лисабон направете една приватна тура за храна која ќе Ве прошета во некои од најдобрите ресторани, гурмански продавници и пекарници во градот, за да можете да научите нешто повеќе за португалската кујна.
4. Виното
Традициите за подготовка на вино во Португалија датираат наназад со векови. Вината од Порто и Мадеира потекнуваат оттука; земјата исто така произведува одлично бело вино кое се вика “Vinho Verde” и има вкус на праска и зелен лимон. Можете да добиете искуство од позади сцената во врска со историјата за производство на вино во земјата, преку тура низ најразвиените региони за производство на вино. Од Лисабон, можете да земете еднодневна тура низ винариите во Сетубал. Порто исто така изобилува со вакви тури, вклучувајќи ја и популарната екскурзија за посета на најдобрите семејни имоти за вина во Douro Valley.
5. Цената
Португалија е постојано наведувана како една од најдобрите дестинации на буџет во Европа, која нуди исклучителна храна, вино и сместување, за цена многу пониска од таа која што ја очекувате. Зашто да не се почастите себеси со оброк кој се состои од 6 јадења од менито во ресторанот “Lisboete” во Лисабон, кое би ве чинело само 50 еур, вклучувајќи и вино. Или можеби да отидете на продолжен викенд во луксузниот “Pousada Palacio Estoi” во Фаро, палата која е претворена во хотел.
6. Фадо музика
Нашите патници велат дека патувањето во Португалија не е целосно без посета на Fado house. Фадо е музички жанр кој е признаен од страна на УНЕСКО, и кој се верува дека потекнува од Лисабон од периодот на 19-тиот век. Оваа музика, која вообичаено ја пее соло изведувач, има корени од афикански, бразилски и традиционални португалски ритми. Турите во Лисабон нудат можност за пропусници од позади сцената во историјата и потеклото на Фадо музиката, и исто така вклучуваат и настап со вечера – или постои можност за Фадо во Чиадо, кое претставува одличен вовед во Фадо искуството.
7. Ноќен живот
Португалија знае како да се забавува. Повеќето големи градови имаат кварт за ноќен живот, каде што забавата не престанува се додека сонцето не изгрее. Во Лисабон тоа е населбата Барио Алто, каде танцувањето и забавата се прошируваат и на улиците од калдрма. Во Порто пак, можете да најдете боемски барови и опуштени дружења во квартот Рибеира.
8. Плочките
Уште од 15-тиот век, португалските уметници создаваат сложени уметнички дела на плочки, кои се нарекуваат “azulejos”. Овие уметнички дела го украсуваат буквално секој агол, од згради па дури и станици за метро. Одредени тури даваат и можност да се види како овие плочки се изработуваат. Со турата во Азеитао, регион во близина на Лисабон, можете да ги видите едни од најубавите плочки и да дознаете нешто повеќе за нивната историја. Исто така можете да учествувате во работилница за изработка на овие плочки и да се испробате во античката португалска уметност.

Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48
You must be logged in to post a comment Login