Connect with us

Uncategorized

Како да патувате бесплатно!?

Патувањата се еден од највозбудливите начини за учење, запознавање со различни култури, забава, рушење на стереотипите и разбирање на мултикултурализмот. Затоа, не е за изненадување што најголеми „патохоличари” се најмладите луѓе кои имаат желба за постојано истражување, забава или личен развој. Енергичноста, желбата за откривање нови места, ширењето на хоризонтите и запознавањето нови пријатели, е непроценливо искуство кое сè повеќе ги инспирира и ги охрабрува младите луѓе да патуваат.

Но како да се организира сето тоа?

Првата препрека, кога станува збор за патувањата, е најчесто недостатокот на финансии или ограничениот буџет. Понекогаш е тешко да се усогласат сите обврски и истовремено да се обезбедат доволно финансиски средства како би можеле „патниците” да си го дозволат сето она што го посакуваат. За среќа, секогаш постојат решенија што можат да излезат во пресрет на предизвиците и да ги совладаат препреките за остварување на плановите.

Да се обезбеди сместување без буџет и не е толку комплицирано доколку го изберете Couchsurfing, на овој начин можете да останете во било кој град за само 0 (нула) денари. Веруваме дека до сега многумина од вас слушнале за Couchsurfing, но за оние на кои им е непознато, ова е платформа каде можете да барате и исто така да понудите сместување на луѓе од целиот свет, тука најчесто станува збор за некој дополнителен кревет кој го имате дома, а можете да го понудите на некого. Практично да му понудите сместување некому кој би бил ваш гост. Оваа платформа е специфична затоа што не плаќате за сместувањето, а истовремено е одлична можност да запознаете луѓе од различни делови на светот.

Освен Couchsurfing, постои уште една бесплатна моѓност за сместување позната како Spore Homes. Оваа приказна иницијално започнала во март 2017 година, кога по разводот на еден брачен пар, куќата требала да биде изгубена. Сепак Ален, сопственикот на платформата не дозволил да се случи тоа и решил да ја купи, да ја уреди, и да започне нов концепт на сместување. Неговата идеја била дека секој може да дојде и да помине некое време во куќата, а за возврат треба да ги понуди своите вештини и помош при уредувањето на куќата. Куќата во која започнал овој начин на сместување може да смести 12 лица во исто време. Лоцирана е во едно типично шпанско планинско село кое се наоѓа на само 10-тина минути пешачење од морето и на 10 км од Валенсија. Секој што сака да се смести во оваа куќа треба да напише мотивациско писмо и да го испрати до сопственикот. Повеќе детали овде.

За крај, не заборавајте дека секогаш можете да се понудите во хостелите за каква било испомош, а за возврат да добиете неколку дена бесплатно сместување.

Ви посакуваме среќен пат исполнет со прекрасни спомени.

Click to comment

Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

More in Uncategorized

Advertisement
Advertisement Fino.mk
To Top