Фино Инфо
Колку бакшиш да оставите во земјите во кои патувате!?
By
Пишува: Fino.mk
Едно од многуте непишани правила, но сепак е правило кое треба да се испочитува, секако доколку сте во можност и доколку сте задоволни од услугата.
Но во секоја земја постојат различни навики и очекувања, така на пример, доколку во Јапонија оставите неколку парички на масата, келнерот може да ве брка за да ви го врати заборавениот кусур. Но, во Њујорк ќе се соочите со спротивна реакција. Доколку заборавите да му дадете „бакшиш” на шанкерот најмалку 1$ по нарачка, очекувајте да бидете бркани додека излегувате или доколку оставите помалку од 20% од потрошениот износ, тешко дека ќе имате можност повторно да резервирате во истиот ресторан.
Истражувавме за вас какви се правилата во најчесто посетуваните земји од нашите туристи:
Давањето бакшиш во Австрија е поретко отколку во Северна Америка или во други делови на Европа, главно поради тоа што платите се пристојни и таксата за услуга обично е веќе вклучена во сметката. Меѓутоа, вработените во рестораните, можете да ги почастите со 5-10% од износот во кеш, давајќи му ги парите директно на келнерот. Кажувањето „Danke“ при прикажувањето на вашата уплата е австриски еквивалентно на велејќи: „Задржете го кусурот“. Доколку не сте задоволни од услугата, не е невообичаено да не дадете бакшиш. Таксистите најчесто очекуваат до 10%. Хотелските работници 1-2€ по багаж, исто така и за собарките и тоа секое утро. Примената на овие насоки не е задолжителна, но се цени.
Давањето бакшиш не е многу вообичаено во Белгија. Услужните работници генерално се добро платени и не се потпираат на бакшиш. Сепак, сѐ зависи од ситуацијата. Рестораните обично додаваат 10-15%, но се оставаат неколку парички за добра услуга. Онаму каде услугата не е вклучена, се очекува до 15% од износот на сметката. Бакшишот не задолжителен во хотелите и во такси возилата, само заокружете ја цената. Паркинзите добиваат 1€, персоналот во гардеробите, 0,50€.
Давањето бакшиш не е многу вообичаено во Германија. Услугата генерално не е вклучена во рестораните, но се очекува доброволен бакшиш од 5-10%. Во хотелите се очекуваат 2-3€. Таксистите очекуваат бакшиш од 10-15% од износот.
Во рестораните во Грција сами одредувате дали ќе оставите или не, но доколку плаќате со платежна картичка на пост терминалот имате опција да го одберете процентот кој ќе се искалкулира во вкупниот износ и ќе ви се наплати, а најчесто е испишано 0-5-10 или 15%, изборот е ваш. Во хотелите пак, се подразбира дека секогаш оставате од 4-5% или по 1€ од торба. Таксистите не очекуваат да добијат бакшиш.

Во Данска не е вообичаено да се дава бакшиш бидејќи платите обично се прилично високи. Сепак, оставањето бакшиш од 10% секогаш се цени. На крајот на краиштата, од вас зависи дали сакате да давате бакшиш или не, особено во случај на исклучителна услуга.
Во Египет, бакшишот се нарекува „backsheesh“. Износот за бакшиш не е врежан во камен, но бакшиш се очекува кон сите оние кои даваат услуга, без исклучок. Во рестораните тоа е помеѓу 10 и 15% од износот.
Не се очекува бакшиш ниту во рестораните низ Италија, бидејќи вообичаено се наплаќа „coperto” (покривање на трошоците) во рамки на сметката или може да ги видите зборовите „servizio incluso“ (услугата е вклучена). Сепак, сé дополнително без сомнение ќе биде ценето.
Во Кипар очекувајте да ви наплатат 10-15% во рестораните и хотелите, плус ситен бакшиш за персоналот. Таксистите не очекуваат награда, но персоналот во кулоарите и тоалетите очекуваат барем по 1€.
Во рестораните на Малта очекувајте да платите 10-15% бакшиш. Во хотелите, доброволниот бакшиш од LM5 (околу 11€) за персоналот и за вратарите, а во угстителските дејности и персоналот во баровите соодветно е LM1 (околу 2,50€). Таксистите очекуваат LM 1-2 (од 2,5-5€).
Во Португалија, бакшишот е вообичаен само во туристичките области како што се Лисабон и Алгарве. Во рестораните се препорачува околу 5% од износот, додека хотелите имаат тенденција да наплаќаат помеѓу 5-19%. Онаму каде услугата не е вклучена оставете по 2€. Таксистите очекуваат 5-10%.
Соединетите Американски Држави се главни во светот во однос на бакшишот, непочитувањето на ова правило е дури навредливо. Во угостителските објекти низ САД вообичаено е да се бара награда од 20% од износот на сметката, а не ретко ќе ви сугерираат и на 22-25%. Ова со цел да ја надоместат обично ниските примања.
Ова важи за сите кои работат во услужната индустрија, па правилото е, доколку некој ви помогне на кој било начин, од портир до шанкер, исплатливо е да оставите бакшиш во насока на континуирано добра услуга. Тоа е едноставно начин на живот.
Давањето бакшиш е многу честа појава во Унгарија. Бакшишот во угостителскиот сектор е генерално околу 8-15%. Правилото е да се дава бакшиш на секој кој дава некаква услуга, а за таксистите правилото е 10% од износот.
Во Франција услугата мора да биде вклучена во цената на сметката од ресторанот според законот, така што нема потреба да давате бакшиш, иако вообичаено е да ја заокружите сметката за да вклучите малку повеќе. Во хотелите оставете 1-2€ за персоналот и носачите. Ова не важи за баровите, па затоа треба да го искористите вашето право ако сметате дека сте добиле особено добра услуга или не. Генерално, персоналот од хотелите очекува по 0,50€ – 1,00€ по торба, а собарките 1,00€ – 1,50€ дневно. Вообичаено е таксистот да го наградите со 10%.
Бакшиш во Холандија навистина не се очекува. Сепак, заокружувањето на сметката во рестораните е вообичаено и тоа во износ од 10%. Онаму каде услугата не е вклучена оставете бакшиш од 10%. Давањето бакшиш на таксистите не е вообичаено, но можете да оставите 1-2€ или едноставно заокружете го износот.
Давањето бакшиш воопшто не е вообичаено во Чешка. Меѓутоа, во денешно време, вообичаено се очекува бакшиш од 10% за странските посетители, но само во туристичките дестинации како Прага. Како што се развива економијата, така и навиките за бакшиш во рестораните се менуваат. Услугата овде е различна од многу други места во светот, не ја оценувајте услугата според насмевките, туку според брзината, квалитетот и сметката. Бакшишот со кредитна картичка е невообичаен. Давањето бакшиш за такси во Чешка не е вообичаено. Меѓутоа, доколку сте добиле исклучителна услуга, слободно заокружете ја сметката. Во хотелите износот е од 1-3€ на хотелската послуга.
Во Шпанија, иако најчесто услугата е очајна, секогаш се чека прилично, поголем дел од рестораните и баровите ќе очекуваат да добијат бакшиш од туристите од околу 5% од вкупниот износ на сметката, иако тоа е прашање на дискреционо право. Сметките обично вклучуваат наплата за услугата во рестораните но општо правило е, доколку ви послужат пијалак во барот или на вашата маса, треба да оставите мал бакшиш. Портирите и собарките во вашиот хотел исто така ќе очекуваат мал знак на благодарност.
Уште нешто…
За време на патувањата, на пример на крстарење со брод, бакшишот е императив. Најчесто уште во брошурите кои ги нудат аранжманите е наведено и упатството за наградување. И тоа, доколку се одлучите за двонеделно крстарење тогаш треба да планирате дополнителни 110$ по патник за да го почастите персоналот на бродот.
Доколку сте купиле аранжман „all inclusive”, тогаш туристичките агенти генерално се согласуваат дека паричната награда не е потребна за време на одморот, со исклучок на рестораните во кои се служи храна „a la carte”.

Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48
You must be logged in to post a comment Login