Connect with us

Фини Приказни

Rialto Living опуштена елеганција на мајоркански начин

Пишува: Fino.mk

Rialto Living, прекрасна концепт продавница во центарот на градот Палма, на островот Палма де Мајорка во Шпанја. Сместена во тесните улички во јадрото на стариот дел од градот со многу шмек ја надополнува магијата на овој остров.

Ние ја посетивме неколку пати во последните неколку месеци и мора да признаеме дека секој пат бевме импресионирани од концептот, од искуството и од енергијата која ја почувствувавме таму.

Фото – Rialto Living

Сопственици на оваа концепт продавница се господинот Клас Кал и госпоѓата Барбара Бергман. Интересен момент во оваа фина приказна е што Клас Кал, Швеѓанец по потекло, пред да ја оствари идејата за Rialto Living, бил главен дизајнер и сопственик (еден од тројцата) на познатиот бренд за облека GANT. Во 1986 година тој се преселил во Палма, а останатото е една многу фина приказна.

Фото – Rialto Living

Ние имавме чест да разговараме со госпоѓата Барбара Бергман, па ова прекрасно искуство ќе го споделиме и со читателите на Фино.

Како се роди идејата за ваква лајфстајл концепт продавница, а во исто време и ресторан и како започна вашата бизнис приказна?

– Отсекогаш сме ја сакале Мајорка и сакавме да направиме нешто овде. Интересот на Клас за дизајн и мода нé поттикна да одлучиме да го основаме Rialto Living. Кога ја отворивме продавницата во 2007 година, таа беше значително помала од она што го гледате денес. Подоцна, во 2014 година, добивме шанса да се прошириме и да ја измениме во она што го гледате денес. Кафулето е некако природен дел кој се вклопи во окружувањето на продавницата поради што луѓето се чувствуваат добро. Можете да седнете и да уживате во шолја кафе, чаша вино или лесен оброк помеѓу пазарењето.

Фото – Rialto Living

Почетоците на Риалто Ливинг датираат уште од 18-тиот век, но низ годините евалуираше во ова што е денес. Дали патот до тука беше тежок?

– Реновирањето и обновата на старата палата создаде неколку интересни предизвици. Сепак, секогаш верувавме во нашиот проект и тоа ни помогна да ги поминеме тешките делови.

Секој агол од оваа продавница е приказна сама за себе. На ниту еден дел не можете да останете рамнодушни, секој агол раскажува своја приказна, а секој производ има свој идентитет. Креативноста е присутна во секој агол, во безброј уникатни производи, подароци, накит, облека, букети со цвеќе…

– Посетуваме модни и внатрешни саеми и ги посетуваме салоните за да ја исполниме нашата продавница со уникатни парчиња мебел и декор заедно со модата. Нашата мантра е “опуштена елеганција” и тоа е она што секогаш го имаме на ум. – ни раскажа госпоѓата Бергман. Патуваме заедно со Клас, заедно го правиме и изборот, а за среќа имаме ист вкус (секако, најчесто J) – додава таа.

Имате клиенти од целиот свет, туристи кои ја посетуваат Палма во текот на целата година. Дали е тешко да се понуди нешто поинакво, интересно и уникатно?

– Светот е исполнет со убави нешта и кога бараме нови производи кои ќе ги донесеме во продавницата, секогаш сме верни на нашата мантра „опуштена елеганција“. Секогаш се трудиме да најдеме нови дизајнери и да воведеме уникатни и посебни парчиња мебел и мода во продавницата. Морам да истакнам и дека Клас дизајнира многу од ткаенините што се продаваат во продавницата, но модата и мебелот се дизајнирани на друго место.

Фото – Rialto Living

Кога зборуваме за производите кои се изработуваат на лице место, јас лично имав чувство дека можам да го следам тој процес од почеток до крај преку стаклениот ѕид кој ја дели работилницата од продавницата. Дали е тоа дел од маркетинг стратегијата или навистина може да се следи целиот процес?

– Она што го видовте зад стаклениот ѕид беше работилницата каде што ги правиме перничињата и некои завеси. Сметавме дека е важно да го вклучиме овој простор и тој сигурно прави разлика и додава нешто необично и интересно во продавницата.

Фото – Fino.mk

Купувачите можат да го зачинат своето шопинг искуство со шолја кафе или чаша вино од вашите сопствени лозови насади кои се наоѓаат на Мајорка. Каква храна и вино служите?

– Имаме мени кое се состои од некои лесни закуски, салати, а исто така и некои топли опции како Лосос Тандури или традиционален Клуб сендвич. Изборот на вина го вклучува нашето сопствено вино, се разбира Coa Negra, а потоа и некои други класици. Имаме многу редовни гости кои пристигнуваат веднаш штом ќе ја отвориме продавницата за да го испијат првото утринско кафе.

Фото – Fino.mk

Дали сметате дека поважни од филџанот кафе и вкусните оброци кои ги нудите во ресторанот се убавата енергија и емоциите кои атмосферата ги создава кај посетителите?

– Чувството Rialto Living е мешавина од сè. Тоа е интеракцијата помеѓу човечкиот фактор претставен од нашиот персонал и клиентите, убавината на производите и самиот објект. Сите делови се подеднакво важни и мислам дека синергијата на сè е она што ги враќа нашите клиенти повторно и повторно во продавницата.

И за крај, која е Вашата порака за читателите и потенцијалните посетители од Македонија?

– Кога ќе нé посетите ќе видите дека ова не е само продавница, ова е искуство! Дојдете и посетете нé, нема да зажалите! 😊

Голема благодарност до господинот Свен Рудов, генералниот директор на Rialto Living, за прекрасната комуникација и соработката додека го правевме овој прилог.

Фото – Fino.mk

Click to comment

Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

More in Фини Приказни

Advertisement
Advertisement Fino.mk
To Top