Connect with us

Фино Инфо

11 неверојатни работи кои постојат само во Швајцарија

Ако превозот доцни, им се враќаат парите!

И додека ние за сè ја обвинуваме полната Месечина и ретроградниот Меркур за сите проблеми на Швајцарците им е виновен ветрот од Алпите.

Кога некој ќе каже Швајцарија, првото нешто на кое помислуваме се прекрасните Алпи, свежите сирења и парите. Сепак, оваа држава нуди многу повеќе од тоа.

Овие 11 интересни работи во Швајцарија се сосема вообичаени:

  1. Рециклирајте сè што можете

Швајцарците се обидуваат да рециклираат сè што можат – весници, лименки, стакло, дури и искористена тоалетна хартија и вишок храна. Тие рециклираат дури и искористено растително масло.

  1. Патниците добиваат пари доколку доцни превозот

Доколку превозот доцни еден час или повеќе, патниците имаат право на паричен надоместок во висина од 50% од вредноста на билетот. Доколку патникот е принуден да преноќи чекајќи за превоз меѓу два града, превозникот е должен да му ги плати трошоците за сместување.

  1. Швајцарците не сакаат банкарски картички

И покрај високо развиениот банкарски систем, Швајцарците претпочитаат готовина. Дури и кога купуваат нешто големо и скапо, како автомобил, Швајцарецот прво ќе подигне пари од банка. Оваа навика се смета за швајцарски културен феномен кој им помага рационално да трошат.

  1. Едно семејство, три сметки

Наместо да се расправаат за тоа кој тип на буџет е подобар за семејството, заеднички или поединечен, Швајцарците се држат до компромис. Се препорачува младите парови да отворат три банкарски сметки. Едната треба да се користи за сметки, а другите две за лични потреби, хоби…

  1. Швајцарците дома немаат Wi-Fi

Во денешни услови неограничениот пристап до интернет е потреба, но штедливите Швајцарци немаат Wi-Fi дома, туку користат интернет од своите мобилни телефони, преку кои поврзуваат компјутери и лаптопи за деловни цели. Значи, плаќаат една сметка место две.

  1. Не оставаат бакшиш на келнерите

Во Швајцарија нема да ве гледаат со презир ако не оставите бакшиш на добар келнер. Меѓутоа, ако сака да го почести персоналот, Швајцарецот ќе ја заокружи сметката и ќе каже: Задржете го кусурот.

  1. Бесплатни производи за женска хигиена

Активистите во Швајцарија се избориле за автомати со бесплатни тампони и влошки во училиштата и факултетите ширум земјата за да им помогнат на сиромашните девојки, но и да ги сопрат табуата кога станува збор за женското тело.

  1. Имаат чоколадо за жени

Швајцарците обожаваат чоколадо и се први во светот по годишна потрошувачка на ова слатко задоволство. Во Швајцарија постои и специјално чоколадо за жени, со 17 алпски растенија за кои се верува дека ги ублажуваат менструалните грчеви.

  1. Во Швајцарија гумите за џвакање се табу тема

Швајцарците сметаат дека гумата за џвакање е многу иритирачка и знак на лоши манири.

  1. Плукањето е сосема нормално

Швајцарците не гледаат ништо лошо во тоа да плукаат среде улица. Истото важи и за дувањето на носот.

  1. Ветерот е виновен за сè

Фен (Föhn) е името на ветрот што понекогаш дува од Алпите. По него и уредот за сушење коса го добил името! И додека луѓето во другите земји за разно-разните проблеми ги обвинуваат бурите, времето, полната Месечина и ретроградниот Меркур, според Швајцарците овој ветер е виновен за сè – од главоболки и промени во расположението, до сообраќајни несреќи.

Click to comment

Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

More in Фино Инфо

Advertisement
Advertisement Fino.mk
To Top