Connect with us

Фино Инфо

Шпанија – првата држава која им овозможи на жените менструално отсуство

Парламентот во Шпанија го изгласа законот според кој на припадничките на понежниот пол им се дозволува менструално отсуство доколку имаат болни менструации, а со тоа стана и првата држава во Европа која пристапи кон ваков тип на закон.

Овој закон всушност им овозможува на жените да добијат боледување доколку пријават дека имаат болни менструации. Идејата за ова веќе подолго време бил тема на преговарање, но најпозитивната работа е дека во случај на менструално отсуство, жените добиваат платено отсуство. Единствен услов е што правото за неработен ден мора да биде одобрено од доктор, а надоместот за денот ќе биде покриен од државното социјално осигурување.

Иницијативата за овој закон е на министерката за рамноправност во Шпанија, Ирене Монтеро, која овој ден го прогласи за историски ден за феминистичкиот напредок.

Жените кои се соочуваат со овој вид на здравствен проблем ќе можат да земат боледување во траење од три дена, со можност за продолжување до пет дена, по претходно одобрување на доктор.

Истовремено во Шпанија се изгласани низа закони околу сексуалните и репродуктивните права, вклучувајќи го и законот за предвремено прекинување на бременоста како и правата на трансродовите лица.

Првата држава која го воведе менструалното отсуство во светски рамки е Јапонија, и тоа уште во далечната 1947 година. Нивниот закон наложува дека работодавците не можат да бараат од жените да ги извршуваат работните обврски доколку во тој момент имаат менструални болки. Оваа приказна во Јапонија започнала уште во 1928 година со штрајкот на кондуктерките кои биле вработени во тогашната фабрика за автобуси во Токио.

Се надеваме дека овие успешни практики набргу ќе ги видиме и на нашите простори, со оглед на тоа што нашите жени не се помалку важни од останатите жени во светот и секако ги заслужуваат истите права.

Click to comment

Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

More in Фино Инфо

Advertisement
Advertisement Fino.mk
To Top