Connect with us

Фини Вкусови

Рим е прогласен за најдобра дестинација за храна за 2023 година

Пишува: Fino.mk

Размислувате да отпатувате но не знаете каде. Ќе се потрудиме да ви помогнеме при донесувањето на одлуката. Не мора да одите многу далеку, некои од дестинациите се на само околу два часа со авион.

Доколку сте љубител на добра храна и предизвик ви е запознавањето на културата на една земја преку гастрономската понуда, пробувањето нови автентични вкусови и уживањеto во хедонизмот, тогаш најтопло ви ја препорачуваме листата на најдобри светски дестинации за храна која ја направија патниците и туристите преку споделување на своите искуства како Traveller’s Choice на платформата TripAdvisor.

За вкусовите не треба да се дискутира, вкусовите и преференциите на храна се чисто субјективни, но TripAdvisor се обиде да состави листа на најдобрите дестинации за храна во светот за 2023 година. Местата беа рангирани врз основа на квантитетот и квалитетот на прегледите за патувања поднесени во текот на минатата година на оваа платформа.

Па така, според TripAdvisor, најдобрата дестинација за храна во светот е Рим и тоа не без причина. Тестенини, сладолед, пица… На листата има и други италијански градови и тоа Фиренца која се најде на четвртото место и Наполи на осмото место.

И ќе се сложите, изборот е одличен. Не постои некој кој не ја сака италијанската кујна, кој не обожува пица, тестенини или моцарела и кој не ужива во совршениот италијански сладолед.А секако за незанемарување е фактот што дури седум од топ 10-те локации за храна се европски градови, додека единствените неевропски локации кои се најдоа меѓу првите десет се Ханој во Виетнам, Њу Орлеанс во САД и Јамајка.

Ова се десетте најдобри дестинации за храна за 2023 година, според TripAdvisor.

Рим во Италија

Крит во Грција

Ханој во Виетнам

Фиренца во Италија

Париз во Франција

Барселона во Шпанија

Лисабон во Португалија

Наполи во Италија

Њу Орлеанс во САД

Јамајка

Click to comment

Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

More in Фини Вкусови

Advertisement
Advertisement Fino.mk
To Top