Сте размислувале ли каде е изворот на вашата среќа?
Најновите истражувања покажуваат дека најдобриот начин за грижа за менталното здравје се патувањата. Кога патуваме сме многу посреќни од колку кога ќе добиеме нешто материјално.
Истражувањето ја анализира состојбата кога многу брзо се одлучуваме за купување тогаш кога имаме пари. Со секое ново купување се чувствуваме посреќно, но неколку дена подоцна тоа задоволство поминува. Но, научниците откриле дека постои начин како еднаш за секогаш да ги решиме нашите проблеми и да ја пронајдеме вистинската среќа.
Според нив веројатно главната препрека за среќа е прилагодувањето. Кога нешто што сме го купиле ни стане секојдневие и нешто што се подразбира, степенот на животното задоволство кое го чувствуваме опаѓа и добиваме желба веднаш да купиме нешто друго, а со тоа да си го зголемиме задоволството. И така во круг…
Истражувањето спроведено на Универзитетот Cornell откри ефикасен начин како да го сопре овој штетен циклус. Професорот по психологија Thomas Gilovich покажа дека истиот степен на среќа го постигнуваме и кога ќе купиме нешто што го посакуваме и кога патуваме.
Но, и тука најважната работа е количината на среќа која произлегува од нашето купување која опаѓа со текот на времето, додека спомените од нашите патувања и понатаму ги хранат нашите хормони на среќа.
Патувајте, истражувајте, одлучете се да присуствувате на необични настани, екскурзии, учење нови вештини, дури и некој екстремен спорт, кои активности сами по себе се идеален извор на среќа за секој од нас. Секој нов спомен станува вистински извор на радост кој останува со нас за цел живот.
Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48
You must be logged in to post a comment Login