Connect with us

Фино Инфо

Од утре во Србија престануваат да важат сите мерки

Од вторник, 3 мај 2022 година, престануваат да важат сите контролни мерки и ограничувања за влез на лица во Република Србија, во врска со Kовид-19, како за странските, така и за домашните државјани.

Од полноќ, српските државјани, но и странските државјани нема да имаат потреба од негативен ПЦР тест, брз антиген тест, доказ за минато боледување или потврда за вакцинација, без разлика од која земја доаѓаат.

Одлуката за слободен влез на српски и странски државјани во земјата е донесена врз основа на моменталната епидемиолошка состојба во земјата и е во согласност со одлуките на повеќето земји во Европа и регионот. Надлежните институции од час во час продолжуваат да го следат развојот на епидемиолошката состојба во Србија и навремено ќе ја информираат јавноста.

Важно е да се напомене дека оваа одлука не значи дека пандемијата на корона вирусот е завршена и дека граѓаните не треба да се грижат за своето здравје. Препораката за носење маски во затворен простор останува на сила, а носењето маски во здравствените установи е задолжително. Амбулантите за Ковид, пунктовите за тестирање на вирусот Ковид-19 и точките за вакцинација продолжуваат да работат вообичаено.

Click to comment

Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

More in Фино Инфо

Advertisement
Advertisement Fino.mk
To Top