Connect with us

Фини Приказни

Луксуз на битолски начин – Robevski Luxury Rooms

Битола – градот на конзулите, на Кемал Ататурк и Елени, градот на Хераклеа, градот под Пелистер, и да не набројуваме понатаму, веќе е јасно.

А песната вели: “Ако одам во Битола, ќе прошетам по Широк Сокак…”

И токму тука е најултимативната локација во градот Robevski Luxury Rooms. Овој мал многу луксузно уреден хотел е сместен токму на средината на најпознататa улица во Битола, Широк Сокак. На само неколку чекори од католичката црква, во центарот на случувањата, каде секојдневно отчукува срцето на градот.

Во зграда чија градба датира уште од крајот на 19-тиот век, а им припаѓа на старото битолско семејството Робевски ќе ја најдете прекрасната локација на овој мал семеен хотел, кој изобилува со прекрасно уреден ентериер и многу, многу душа.

Околу Илинденските празници во Битола врие како во кошница. А гости од сите страни на светот, најмногу Грци, Турци и оние иселените битолчани кои се враќаат да ја посетат својата родна грутка, најчесто од Австралија.

Во хотелот ќе ве пречека веселото семејство Робевски кое ќе се обиде да ви помогне и да ви излезе во пресрет за што и да ви биде потребно. Тие му го даваат дополнителниот шарм на ова место, насмеани и секогаш позитивни.

Овој мал но многу луксузен хотел поседува 10 соби од различен тип, но сепак уредувањето им е речиси во ист стил. Имињата на собите се најмаркантните моменти од Битола низ годините. Па така можете да одседнете во соби како: Хамидје, Кинг Петар, Маршал Тито, (некои од старите имиња на улуцата Широк Сокак), потоа Магнолија, Конзулат, Монастир, Хераклеа итн.

Класичните соби може да имаат софа и кревет, двоен кревет или интересен балдахин кој дополнително ја доловува мистичноста на ориентот и потсетува на времето кога Битола бил конзулски град. Покрај класичните соби има и апартмани, апартмани со балкон и еден полуксузен од останатите кој се вика токму Широк Сокак.

Сите соби се совршено удобни и пространи со прекрасно декорирани ѕидови, модерен дизајн, вдлабнато осветлување, огледала и хром кои се комбинираат за да го дополнат елегантното но и чувството на современост. Удобноста е присутна особено на леглата, ви гарантираме дека ќе се разбудите наспани и среќни. А за тоа дополнително ќе допринесе и постелнината со висок број на конци и перници кои ветуваат возбудливи соништа.

Да не ги заборавиме и бањите, кои се не помалку атрактивни од другите делови на сместувањето, како во однос на големината така и во однос на ултрамодерниот дизајн.

Доколку решите да ја посетите Битола, најтопло ви ги препорачуваме Robevski Luxury Rooms, кои освен на платформата за сместување Booking каде што имаат оценка 9.9, можете да ги пронајдете и на нивните профили на социјалните мрежи.

www.instagram.com/robevskiluxuryrooms

www.facebook.com/robevskiluxuryrooms

 

Click to comment

Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

More in Фини Приказни

Advertisement
Advertisement Fino.mk
To Top