Фино Инфо
Tрезниот туризам е во тренд
By
Пишува: Fino.mk
Патувањата на трезно имаат тренд на пораст, особено меѓу генерацијата Z кои пијат помалку од претходните генерации. Ви нудиме неколку совети за тоа како и трезни и без алкохол можете да бидете среќни додека патувате, особено како да бидете добар сопатник кога патувате со пријатели или членови на семејството кои не пијат.
Според National Geographic баровите без алкохол, крстарењата на кои не се точи алкохол и менувањето на навиките можат да ви помогнат да уживате во патувањето без мамурлак.
Луѓето патуваат низ светот, ги истражуваат местата од Аргентина до Турција, од Нов Зеланд до Јапонија, но освен осознавањето на новите култури, тие испробуваат и нови вкусови и дегустираат многу пијалаци. Но таквиот начин може да ве однесе од една до друга крајност и лесно може да доведе до најнепосакуваниот мамурлак.
Се проценува дека 46,3 милиони Американци имаат проблеми со злоупотреба на супстанци, и многу е тешко да се сфати како да се патува на „суво“ во свет натопен со алкохол.
Истражувањата покажуваат дека патувањето може да резултира со обилно пиење и употреба на недозволени супстанци, особено на егзотичните тропски локации. Можеби треба да се навикнете на чувството да се оддалечите од сето тоа вклучително и умереноста преку менување на навиките.
Зависноста од адреналинот што доаѓа од новото искуство или возбудливата физичка активност може да ја замени потребата за консумирање алкохол. „Сигурната возбуда може да биде добра замена за желбата за чаша вино“ – вели Лорен Бурнисон, основач на We Love Lucid, европска компанија за трезни турнеи. „На патувањата што ги организираме, правиме авантуристички работи, како сурфање на ветер или планинарење. Кога ги посетуваме градовите, во нивниот ноќен живот вклучуваме активности кои не вклучуваат алкохол – театар во Њујорк, концерти на маријачи во Сан Антонио.
Пазарот за безалкохолни пива, коктели без алкохол како и работата на баровите без алкохол како Kava Social во Бруклин или Club Soda во Лондон сега цвета. Според студијата од 2022 година од IWSR Drinks Market Analysis, глобалниот пазар за пиво, вино и алкохол без алкохол, порасна за 31% и моментално претставува индустрија од 10 милијарди долари.
Сето тоа е бедем против нагорната линија на пораст на производството во дестилериите, пиварниците и винарниците кои трезните патници ги наоѓаат на најневеројатните места. Сепак, многу дестинации – особено муслиманските земји – имаат силни традиции околу безалкохолните пијалаци. Во Египет на пример ќе ве воодушеви пенливата, не премногу слатка лимонада од нане која е присутна на повеќето од менијата.
Кога сте трезни, вашиот избор на придружници може да биде исто толку важен колку и вашата дестинација и активностите кои ги планирате. „Не одете на одмор со луѓе со кои сте се опијанувале или со некој со кој имате многу конфликтни односи“, советува Сара Вестон. Менаџер за комуникации на клиниката за одвикнување од алкохол Hazelden Betty Ford Foundation’s.
Луѓето кои сакаат да го избегнуваат алкохолот додека патуваат би требало да избегнуваат жестоки фестивали или викенди на плажа со пријателите кои многу пијат. Затоа многумина од туристите размислуваат да резервираат трезно групно патување. Многу компании организираат турнеи без алкохол, фокусирани на закрепнување, вклучително и крстарења организирани од Sober Vacations.
„Луѓето се многу среќни што се поврзуваат со други луѓе кои поминале низ слично животно искуство“, вели We Love Lucid’s Burnison. „Постои таква оптимистичка атмосфера и одлично е да се разбудите без мамурлак“.
Оставете ги алкохолот и мамурлакот на страна барем додека патувате и претворете ги вашите патувањеа во доживувања, запаметете го секој еден миг и создадете спомени за паметење.

Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48
You must be logged in to post a comment Login