Connect with us

Фина Уметност

LOUIS VUITTON во соработка со LEGO® во пресрет на празниците

Луј Витон со задоволство ја открива соработката со сертифицираните LEGO® градители (LEGO® Certified Professionals), за своите празнични излози ширум светот. Почнувајќи од 29 октомври 2022 година па сé до 1 јануари 2023 година, познатите LEGO® коцки ќе се користат за изградба на празнични сцени што ја слават имагинацијата и уметноста на создавањето.

По настанот, коцките ќе бидат пренаменети за да ги инспирираат децата во локалните училишта преку грасрут партнерствата.

Осмислени од студиото за визуелни ефекти на Луј Витон и реализирани од LEGO® сертифицираните професионалци, овие шарени и повеќедимензионални сцени ја продолжуваат креативната размена која започна со кампањата “Louis 200”, за кои групатацијата LEGO беше меѓу визионерите и му даде посебна вредност на овој јубилеј со огромна роденденска торта направена од 31.700 тули.

„Повеќе од имагинативна интерпретација на универзумот на Луј Витон, соработката со LEGO Certified Professionals ја нагласува трајната порака на рачно изработеното создавање. Од една тула до милиони, традицијата на двата бренда наоѓа радосен израз како резултат на интеракцијата“, пишува Луј Витон во соопштението за печатот.

LEGO® Certified Professionals се инспиративна група на LEGO градители кои својата страст за LEGO® System-in-Play ја претворија во своја професија. Тие често се нарекуваат мајстори – градители бидејќи тие се креативните мозоци зад многу големи LEGO-градби кои инспирираат радост кај луѓето ширум светот. За оваа прилика, која исто така се совпаѓа со 90-годишнината на Групацијата LEGO, соработката ќе биде достапна во целиот свет, маѓепсувајќи ги луѓето однадвор и внатре во продавниците. Новогодишните елки покриени со снег веднаш потсетуваат на зима, додека позадините покриени со тули се појавуваат во живописни аранжмани на моделот Дамиер.

Сцени кои потсетуваат на безвременскиот Париз за време на празниците, со многу детални копии на Триумфалната капија и Понт Нојф, црпејќи инспирација од архивските фотографии. Надворешните празнични дизајни опфаќаат широчина од 2 до 15 метри, додека и специјалните пакувања во текот на сезоната ќе содржат LEGO мотиви.

Click to comment

Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

More in Фина Уметност

Advertisement
Advertisement Fino.mk
To Top