Фино Инфо
10 забавни и практични факти кои ќе ве инспирираат да патувате
By
За сите на кои љубов им се патувањата и кои едноставно сакаат да истражуваат нови места, нови можности и нови дестинации, пронајдовме неколку интересни факти, некои практични а некои воодушевувачки, но сите подеднакво забавни и со задоволство ги споделуваме со вас. Можеби ќе ве инспирираме доколку ја барате вашата следна дестинација, ќе ви ја поттикнеме желбата за патување, на вас е само да одлучите КАДЕ.
И секако пишете ни во коментар и споделете со нас некој интересен факт кој вие го знаете, за да учиме едни од други.
Неколку научни истражувања докажаа дека планирањето на патувањата ги возбудува патниците и ги прави среќни исто колку и самите патувања. Во компаративната студија која ги споредила луѓето кои биле на патување со оние кои воопшто немале таков план, покажало дека кај првите е измерена 8% повеќе среќа отколку кај оние кои не воопшто немале во план да патуваат.
Дали јазикот кој го зборувате влијае на вас и на вашето расположение? Студијата на 10-те најкористени јазици на глобално ниво (англиски, мандарински, француски, шпански, португалски, индонезиски, германски, корејски, руски и арапски) покажа дека шпанскиот е најсреќниот јазик, пред португалскиот, англискиот, германскиот и францускиот. И ова е можеби вистинското објаснување зошто Шпанија е во топ 5 земји на глобално ниво според долгиот животен век.
Помисливте дека тоа е Венеција!? Не! Хамбург има најголем број мостови во светот, повеќе од 2300 мостови. Следен е Амстердам со 1281 мост, Њујорк со 789, Питсбург со 446 и Венеција со 391. Но доколкуги запрашате жителите на овие градови, толку многу мостови понекогаш претставуваат проблем.
4. Возењето со такси е најевтино во…
Истражувањата кои ги направија USA Today и Taxi2Airport покажуваат дека доколку се возите со такси, најевтино ќе поминете во Египет и во Индија, а најскапо во Швајцарија. Во Египет возењето со такси чини околу 1$ за возење од околу 4 км. Наспроти тоа, во Швајцарија истото ќе ве чини 25$ за истата раздалеченост.
5. Каде е најскапото, а каде најевтиното капучино во Европа…
Доколку сте љубител на кафето, тоа задоволство ќе ве чини, особено во Копенхаген. Едно капучино во Копенхаген ќе ве чино 6,50$, за разлика од Милано, во земјата каде капучиното е животен стил и чини само 1,70$.
6. Каде најскапо ќе поминете доколку излезете на состанок…Да ја импресионирате партнерката или партнерот со организирање на состанок надвор од вашето место на живеење е совршена идеја, но распрашајте се претходно за да не бидете шокирани кога ќе ја добиете сметката. Според истаржувањето направено од страна на Deutsche Bank од 54 градови на глобално ниво, Цирих и Осло се најскапите градови за излегување на состанок. Излегувањето на состанок со вклучено ноќевање во овие два града чини 202$ односно и 163$. Наспроти нив, Каиро, Бангалор и Буенос Аирес се најевтините. Ако одите на состанок таму, треба да имате со себе најмногу до 45$.
7. Земјата со најголем број ресторани со Мишелин ѕвезди...
Доколку сте гурман, доколкунсакате да уживате во хедонизам и да пробувате уникатни вкусови, тогаш ова е многу практична информација за вас. Според FineDiningLovers, Франција има најголем број ресторани со Мижелин ѕвезди, и тоа 628. Следна е Јапонија со 577, Италија со 374, Германија со 307 и САД со 169 ресторани со Мишелин ѕвезди.
8. Земјата со најмногу временски зони е…
Информациите најчесто велат дека Франција е земјатасо најмногувременски зони, и тоа дури 12. Причинате е таа што Франција сé уште управува со територии поставени далеку низ светот. Надвор од тоа, на реални територии Русија и САД покриваат 11 временски зони.
9. Првиот хотел во орбитата на Земјата…
Можеби ви наликува на SF филм, но вистина е. Првиот комерцијален вселенски хотел, станицата Voyager, е планирана да се отвори до 2027 година. Хотелот ќе има форма на тркало, а неговата ротација ќе создава вештачка гравитација. Со капацитет за сместување од 280 гости и 112 членови на екипажот, проектот го планира градежната компанија Orbital Assembly Corporation. Гравитациската моќ ќе биде послаба и поблиска по сила до онаа на Месечината. Освен спектакуларниот поглед и дизајн, недостатокот на гравитација ќе создаде едно сосема ново искуство и едно поинакво чувство. Сé уште не се знае колку ќе чини престојот во овој хотел и патот до таму, но сигурни сме дека ќе биде спектакуларно искуство.
10. Годинава се отвора најбрзиот тобоган на светот…
Доколку сте зависник од адреналин и допамин, резервирајте си место на тобоганот „Falcon’s Flight“ во Саудиска Арабија. Според CNN Travel, изградбата на тобоганот „Falcon’s Flight“ треба да годинава. Ќе има рекордна брзина од повеќе од 250+ км на час и рекордна висина од 160 метри. Возбудливо зар не!?
Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48
You must be logged in to post a comment Login