Финска шеста година по ред е прогласена за најсреќната земја на светот, а сега сака да му покаже на светот зошто толку долго е на врвот и да им одржи лекција за среќа.
Нордиската земја се најде на врвот на Светскиот извештај за среќа за 2023 World Happiness Report 2023 објавен неделава од Мрежата за решенија за одржлив развој на Обединетите нации, кој ги мери факторите како што се приходите, менталното и физичкото здравје и општествената дарежливост.
Од владината организација Бизнис Финска велат дека не постои национална тајна зад финската среќа, тоа е вештина што може да се научи. За да го докаже ова, земјата дава бесплатни патувања во Финска за четиридневен мастерклас по финска филозофија и животен баланс.
Според веб страницата Visit Finland. Нордиската земја им нуди на 10 луѓе од целиот свет бесплатно патување во Финска, како и четиридневен мастерклас за среќа. Настанот ќе се одржи во одморалиштето Куру во финскиот Лејкленд од 12 до 15 јуни оваа година.
Excited man in black denim jacket chilling with girlfriend. Outdoor photo of happy couple exploring city.
На Мастеркласот на среќата, финските тренери од различни области ќе опфатат четири теми во четири дена:
- природа и начин на живот
- здравје и рамнотежа
- дизајн и секојдневие
- храна и благосостојба
Кој е условот за да бидете дел од овој мастерклас
На оваа обука за среќа може да присуствуваат само десет луѓе. За оние кои ќе бидат избрани, ќе бидат покриени трошоците за часовите, плус патните трошоци. Апликациите за учество на мастеркласот се отворени до 2 април Applications to attend. Заинтересираните патници треба да пополнат формулар и да одговорат на предизвикот на социјалните мрежи social media challenge кој ќе покаже зошто „можеби тајно сте Финец“.
Оние кои не се избрани да присуствуваат лично не треба да се разочаруваат, според туристичката управа на земјата Visit Finland, мастеркласот ќе биде достапен и онлајн веќе ова лето.
Зошто Финска е толку среќна?
Среќата на финците потекнува од блискиот однос со природата и нивниот приземен начин на живот. Извршниот директор на Happy Or Not, компанијата за повратни информации од клиентите, Miika Makitalo изјави: „Ние ја негуваме нашата рамнотежа помеѓу работата и животот, веруваме во нашето општество и посветуваме време на користа од нашата поврзаност со природата.“ Тој додаде дека: „Финците имаат филозофија наречена СИСУ, спој на упорноста, издржливоста и одржувањето на проблемите во перспектива. СИСУ го дефинира нашиот национален карактер и е исто толку препознатлив и прифатен концепт за Финците како што може да биде „американскиот сон“ за жителите на САД“.
Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48
You must be logged in to post a comment Login