
Повеќе од 10.000 макаронси распоредени во едно грандиозно и уникатно уметничко дело со димензии 3 м во дијаметар и 1.80 м во височина, изложени во раскошниот амбиент на Salle des Fêtes во Hôtel de Ville во Париз, по повод 20-годишнината од Nuit Blanche (Бела ноќ), уметничкиот настан кој секоја година се одржува во Париз и трае по цела ноќ,
Познатиот сопственик на најпознатите слаткарници во Франција, Пјер Ерме (Pierre Hermé), ги покани посетителите да откријат извонредна градина, уредена како да левитира во сјајот на позлатата: Jardin des Macarons, инспириран од градината на задоволствата на Жером Бош.
“Повторното присвојување на оваа креација од страна на Парижаните ќе биде нејзината сила. Некои ќе ја гледаат како уредена градина, други како повик за сладокусците, а трети како природата што го напаѓа срцето на градот. Сите овие толкувања ќе го направат ова уметничко дело толку моќно” – изјави Пјер Ерме.


Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48
You must be logged in to post a comment Login