Сигурни сме дека градот Солун во соседна Грција сте го посетиле многу пати до сега, но овој пат по подолго време и по укинување на сите рестрикции, за вас обезбедивме неколку кратки и корисни информации.

Фото – Fino.mk
На влезот во земјата нема да ви побараат ништо повеќе од патна исправа, на која уредно ви ставаат печат и ве пуштаат да поминете без ниту едно прашање или дополнително барање.
Рестриктивните мерки се целосно олабавени, освен што сè уште имате обврска да носите маска во затворен простор (продавници, молови, аптека и сл.). За сега е така, а како ќе биде по 31-ви мај ќе ве информираме дополнително.

Фото – Fino.mk
Ние го користевме паркингот во центарот на градот веднаш до пристаништето. Тој е веќе во сопственост на градот и со него стопанисува општината, затоа и наплатата е при-пејд а 1 час чини 1.70 евра. Можете да испланирате колку време ќе се задржите и да го платите соодветниот износ. Доколку се задржите подолго од планираното, паркингот можете да го продолжите во било која трафика која се наоѓа низ солунските улици, само со кажување на регистерската табличка од автомобилот. Секако не зaборавајте да ја земете потврдата, затоа што таа е доказ дека имате извршено плаќање.

Фото – Fino.mk
Не го пропуштајте утринското кафе, тоа е најубавото нешто доколку стигнете рано наутро, особено она со поглед кон морето. Ладното фрапе можете да го добиете по цена од 4.20 до 4.40 евра, сè едно дали го пиете со или без шеќер или млеко.
Цената на белите пецива се движи од 1.50 до 2.00 евра, а традиционалното грчко гиро во пита од 3.70 до 3.90 евра.
Половина литар вода во супермаркет чини 0.16 евро-центи.

Фото – Fino.mk
Notice: Undefined variable: user_ID in /home/finomk/public_html/wp-content/themes/click-mag/comments.php on line 48
You must be logged in to post a comment Login