Connect with us

Услови за користење

Со користење на веб-страницата www.fino.mk (во натамошниот текст ПОРТАЛ) давате согласност за усогласување со одредбите од наведените Услови за користење. Со посетата на овој ПОРТАЛ, вие сте согласни со Условите на користење во целост. Доколку не сте согласни со истите, ве молиме да не го користите ПОРТАЛОТ.

ОГРАНИЧУВАЊА ЗА УПОТРЕБА НА МАТЕРИЈАЛИ

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
ПОРТАЛОТ, како и целата оригинална содржина е во сопственост на МЕДИАДВЕРТИС ГРУП дооел од Скопје (во понатамошниот текст ДРУШТВО) и како такви, се целосно заштитени според Законите и регулативите за интелектуална сопственост. Користење, позајмување, менување, продавање или дистрибуција на содржината објавена на ПОРТАЛОТ, без разлика дали е оригинална содржина или содржина објавена во соработка со друга страна, партнери или извори, без одобрение од ПОРТАЛОТ или сопствениците на содржините, е строго забрането. Доколку сакате да ги користите нашите материјали за едукативни цели, слободно контактирајте нѐ и со задоволство ќе ви излеземе во пресрет.

ПРЕЗЕМАЊЕ НА СОДРЖИНА
Материјалите од ПОРТАЛОТ не смеат да се копираат, објавуваат, преведуваат или на друг начин да се дистрибуираат освен во случај кога уредничкиот тим е известен со испраќање електронска пошта на info@fino.mk и освен во случај кога е наведен директен извор (вклучувајќи линк до оригиналниот напис).

СОДРЖИНА СОЗДАДЕНА ВО СОРАБОТКА СО НАШИТЕ ПАРТНЕРИ
Одвреме-навреме на ПОРТАЛОТ ќе се објавуваат содржини создадени во соработка со нашите партнери. Затоа, при објавување на таква содржина, на крајот од објавата ќе стои за кој партнер станува збор.

СОПСТВЕНОСТ НА БАЗИ НА ПОДАТОЦИ, ЛИЦЕНЦИ (ДОЗВОЛИ) И КОРИСТЕЊЕ
ДРУШТВОТО е сопственик на ПОРТАЛОТ. ДРУШТВОТО и неговите соработници ги задржуваат сите права и според овој договор, никакви права на интелектуална сопственост не се преносливи. ДРУШТВОТО со ова ви доделува неексклузивна и непренослива лиценца за користење на базите на податоци на ПОРТАЛОТ. Базите на податоци може да се користат само за пристап и извлекување информации, до степенот опишан во текстот што следи.
Со читање на овие Услови за користење, се согласувате да ги користите информациите од базите на податоци на овој ПОРТАЛ, само за ваша приватна употреба или внатрешни цели – вашиот дом или вашиот бизнис, Ништо споменато овде не ви дава право да креирате какви било бази на податоци, директориуми или печатени публикации од овие бази на податоци, било за внатрешна или надворешна употреба.

ГАРАНЦИЈА И ОДГОВОРНОСТ
ДРУШТВОТО ги отфрла сите гаранции, изречни или имплицитни, вклучително, но не ограничувајќи се на можноста за продажба за одредени цели. ДРУШТВОТО не гарантира дека функциите содржани во материјалите ќе бидат без грешки, дека неправилностите ќе бидат поправени, ниту дека серверот на ДРУШТВОТО е без вируси и други штетни компоненти. ДРУШТВОТО не ја гарантира исправноста и точноста на користењето и резултатите од користењето на материјалите достапни на ПОРТАЛОТ. Вие (а не ДРУШТВОТО) ги преземате целосните трошоци за сите неопходни поправки или сервисирање. Применливиот закон може да не дозволува исклучување на имплицираните гаранции, така што исклучувањето може да не важи за вас. Во никој случај ДРУШТВОТО нема да биде одговорно за штетите кои произлегуваат од несовесното или непрофесионално користење на материјалите кои ги содржи ПОРТАЛОТ, дури и доколку ДРУШТВОТО или нејзините овластени претставници биле предупредени за можноста за такви штети. Законот може да не дозволува ограничување или исклучување на одговорноста за случајна или логична штета, така што ова ограничување или исклучување може да не важи за вас.
Информациите на ПОРТАЛОТ се подготвени внимателно и професионално, но ДРУШТВОТО не може да сноси одговорност за последиците од нивната примена. Сите податоци на ПОРТАЛОТ се достапни за употреба само за информативни цели. Информациите содржани на ПОРТАЛОТ не се наменети да дадат правен, финансиски или даночен совет, или други слични индивидуални или деловни совети. Услугите опишани на ПОРТАЛОТ се нудат само во правна јурисдикција каде што можат легално да се нудат. Информациите на ПОРТАЛОТ не се сеопфатни и се ограничени на информациите со кои располага ДРУШТВОТО.

ЛИНКОВИ И ЗАШТИТНИ МАРКИ
МЕДИАДВЕРТИС ГРУП дооел од Скопје, како единствен сопственик на ПОРТАЛОТ ФИНО не е нужно поврзан со веб-локациите чии линкови се наведени овде и не е одговорна за нивната содржина. Придружните веб-локации се користат исклучиво од вас, со цел да придонесете за практичното користење на ПОРТАЛОТ и затоа пристапувате до нив на ваш сопствен ризик. Постоењето на линкови до други веб-локации и препораки за одредени производи, услуги или публикации кои не се дел од ПОРТАЛОТ и неговите помошни и поврзани веб-страници не имплицира дозвола на ДРУШТВОТО да ги користи.
Одредени имиња, графики, карактеристики на заштитни знаци, икони, дизајни, зборови, наслови и фрази на ПОРТАЛОТ може да претставуваат заштитни знаци, имиња или услужни марки на ДРУШТВОТО или нејзините посебни единици. Прикажувањето на заштитните знаци на ПОРТАЛОТ не подразбира дозвола за нивна употреба за каква било цел. Секое неовластено копирање, снимање, измена и репродукција на трговската марка и/или друга содржина на овој ПОРТАЛ може да претставува кршење на законите за заштитна марка и/или копирање и лицето може да биде предмет на соодветни правни мерки.

ЗА ОГЛАСУВАЧИТЕ
Овие правила се однесуваат на сите содржини кои се испратени до ПОРТАЛОТ од страна на Огласувачите како и на односите помеѓу двете страни, во понатамошниот текст, ПОРТАЛ и ОГЛАСУВАЧ.
ПОРТАЛОТ нема обврска да објави било каков вид реклама доколку истата не соодветствува со правилата за објавување на содржина од било кој вид на www.fino.mk Пред објавување на било каков вид реклама, истата мора да биде одобрена од одговорните лица на ПОРТАЛОТ.
Со поднесување на барање или понуда кон ПОРТАЛОТ, ОГЛАСУВАЧОТ е согласен со правилата за користење и огласување на ПОРТАЛОТ.
Рекламата која се поднесува од страна на ОГЛАСУВАЧОТ мора да соодветствува со техничките спецификации кои ги налага ФИНО во конкретниот период (кај кои може да дојде до промена од време на време).
Точноста на рекламата од секој аспект е одговорност на ОГЛАСУВАЧОТ. ПОРТАЛОТ не презема никаква одговорност за грешки од било кој вид поврзани со рекламата.
ОГЛАСУВАЧОТ има обврска да достави материјали кои се вистинити во потполност и не прекршуваат права од било кој вид, кои се заштитени со закон.
ПОРТАЛОТ користи „Revive Ad Server“ за прикажување на банерите на сајтот. Овој сервер и овозможува на ПОРТАЛОТ да објавува реклами, да ги менаџира кампањите и да го следи перформансот на истите.
ПОРТАЛОТ е должен 30 дена по завршување на кампањата да ги чува статистиките за рекламите. Доколку ОГЛАСУВАЧОТ во периодот од 30 дена не побара статистика, ПОРТАЛОТ не е должен да му ја испрати истата. По истекот на тој период, ПОРТАЛОТ не ги архивира ниту ги зачувува податоците од статистиката.
ПОРТАЛОТ односно ДРУШТВОТО е должен на ОГЛАСУВАЧОТ да му изработи и испрати фактура за наплата на услугата. ОГЛАСУВАЧОТ има должност да ја плати фактурата во предвидениот рок кој е напишан на истата. Во спротивно, ПОРТАЛОТ има целосно право да постапи по Закон за да дојде до наплата на фактурата.

ПРОМЕНИ НА ОВИЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ
Овие Услови за користење се однесуваат на секој пристап до ПОРТАЛОТ. ДРУШТВОТО, како единствен сопственик на ПОРТАЛОТ, го задржува правото да ги измени Условите за користење на нова верзија на документот што ќе важи од датумот на објавување на овој ПОРТАЛ. Секој пристап до информациите на ПОРТАЛОТ ќе биде посебна и дискретна трансакција.
Овие Услови за користење не смеат да се доделат без претходна писмена дозвола од ДРУШТВОТО и ќе се толкуваат и спроведуваат во согласност со Законите.

To Top